Англија воведува ново правило за голманите кои ќе се жалат на повреда!
Почнувајќи од следната сезона, доколку судијата дозволи медицинскиот тим да влезе на терен да му помогне на голманот, тренерот ќе има само 10 секунди да избере играч од поле кој мора да го напушти теренот на една минута.
Доколку тренерот не номинира фудбалер во предвидениот рок, тогаш капитенот автоматски го напушта теренот на една минута.
По завршување на таа минута, фудбалерот се враќа на теренот и продолжува со натпреварот, а целта на ова правило е да се намали бројот на „повреди“ на голмани при кои се „краде време“ на натпреварите.