Гарсија вети: Ако ја освоиме ЛШ, ќе го истетовирам ликот на Флик!

Голманот на Барселона, Жоан Гарсија даде лудо ветување пред почетокот на сезоната, односно кажа дека ќе го истетовира тренерот Ханси Флик на своето тело доколку ја освојат Лигата на шампиони (ЛШ).

Гарсија даде ветување во стилот на Марк Кукуреља, кој го истетовира селекторот Де Ла Фуенте,

„Ако ја освоиме Лигата на шампиони, ќе го истетовирам ликот на Ханси ФЛик“, кажа Гарсија.

Фото: FC Barcelona