Тер Штеген си замина од Барселона и се сели во Холандија

Германскиот голман Марк-Андре Тер Штеген ќе ја продолжи кариерата во Ајакс, откако закжаа медицински прегледи во сабота.

Искусниот чувар на мрежата ја напушта Барселона, каде што го загуби местото на прв голман, додека во Ајакс треба да биде главен чувар на мрежата.

Ајакс ќе го добие германскиот голман на едногодишна позајмица, а дури 90 отсто од платата ќе ја покрива Барселона.

Тер Штеген имаше серија проблеми со повреди и поради одредени промени во соблекувалната на Барселона падна во втор план.

Фото: FC Barcelona/Facebook