Објавен е документ: ФИФА подготвува нова револуција за СП 2030

Светското првенство (СП) би можело повторно да доживее голема промена. Иако во 2026 година за првпат се играше со 48 репрезентации, сепак ФИФА планира ново проширување за 2030 година.

Според информациите на инсајдерот Мартин Зиглер, ФИФА на 14 август ќе донесе одлука за можно зголемување на бројот на учесници на дури 64 репрезентации на Мундијалот во 2030 година.

Турнирот треба да го организираат Шпанија, Португалија и Мароко, додека по повод 100-годишнина ќе се играат дуели и во Уругвај, Аргентина и Парагвај.

Наводно веќе е подготвен интерен документ со кој ФИФА ќе почне официјални консултации за новиот формат, по кои треба да донесе конечно решение за тоа колку ученици ќе има Мундијалот.

Фото: Selección Española de Fútbol (SeFutbol)