Нов потпис во „Градски парк“, Работнички го задржа Лука Петровски!
Лука Петровски во Работнички пристигна на половина од минатата сезона, дојде од Чаир, а со прикажаните игри заработи нов договор.
„КК Работнички АД Скопје со задоволство ја известува јавноста и сите љубители на клубот дека Лука Петровски го продолжи договорот и ќе ги брани боите на Работнички и во претстојната сезона“, стои во дел од соопштението на КК Работнички.