Македонските јуниори загубија убедливо од Финска, следен предизвик е Исланд!
Надежта за добар резултат на Македонија не траеше долго, уште во првото полувреме беше јасно кој ќе го добие натпреварот. Беше 55-27.
Македонските кошаркари одиграа одлична трета четвртина во која постигнаа дури 32 поени, но тоа беше се што направија. Конечниот резултат беше 77-98 за Финска.
Најефикасен во македонскиот состав беше Цветковски со 20 поени. Данев реализираше 15 поени, на кои додаде и пет скока, додека капитенот Ѓорѓевиќ го заврши натпреварот со седум поени, шест скока и дури 15 асистенции.
Следниот меч за Македонија е веќе утре против Исланд, мечот почнува од 15:30 часот. Победникот од овој дуел ќе разигрува за 13. место на Европското првенство, додека поразениот ќе се бори за 15. позиција во конечниот пласман.