Турците се „степаа“ за Салах - Трабзон му нуди луда плата!
Салах би можел да заигра во Турција во клуб кој не е дел од големата тројка.
Трабзонспор му нуди плата од дури 34 милиони евра за две сезони, односно по 17 милиони евра годишно. Тоа е сума која е превисока за европски фудбал, особено за играч кој е ветеран.
Претходно Салах беше во преговори со Бешикташ. Египетскиот фудбалер им бараше плата од 15 милиони евра годишно, а тие му нудеа 10 милиони евра.
Платата која му ја нуди Трабзон ги надминува и барањата на самиот Салах.