Чешмеџиев ќе игра во Италија за тим каде директорот е Светски шампион!
30-годишниот дефанзивен фудбалер, стави потпис на договор со екипата на Санремезе каде директор е легендарниот Французин Кристијан Карембе, кој со Франција го освои Светското првенство, а има и триумф со Реал Мадрид во Лигата на шампионите.
Чешмеџиев во Италија доаѓа од исландскиот тим Вестри со кого играше во европските купови и оваа сезона.
Покрај за Вестри, во својата кариера Чешмеџиев настапуваше и за Радник Бјелина и Вележ од БиХ, Хајер од Саудиска Арабија, Влазнија од Албанија, Септември Софија од Бугарија, како и за македонските Гостивар, Шкупи, Шкендија, Брера, Македонија ЃП, Љубанци, Пелистер и Работнички.