Турците се „степаа“ за Салах - Трабзон му нуди луда плата!

Мохамед Салах беше блиску до трансфер во Бешикташ, но се чини дека Трабзонспор ќе ја добие битката откако му понудија неверојатна плата на египетскиот фудбалер.

Салах би можел да заигра во Турција во клуб кој не е дел од големата тројка.

Трабзонспор му нуди плата од дури 34 милиони евра за две сезони, односно по 17 милиони евра годишно. Тоа е сума која е превисока за европски фудбал, особено за играч кој е ветеран.

Претходно Салах беше во преговори со Бешикташ. Египетскиот фудбалер им бараше плата од 15 милиони евра годишно, а тие му нудеа 10 милиони евра.

Платата која му ја нуди Трабзон ги надминува и барањата на самиот Салах.