Арбелоа уште е на шопинг во Реал – трет бисер на „кралевите“ пред трансфер во Фулам

Тренерот на Фулам, Алваро Арбелоа, продолжува да гледа кон својот поранешен клуб и сака во Лондон да доведе уште еден талентиран фудбалер од академијата на Реал Мадрид. Според шпанска „Марка“, негова следна желба е 18-годишниот играч за врска Тијаго Питарч.

Доколку трансферот се реализира, Питарч ќе стане третиот млад фудбалер кој ова лето ќе го замени Мадрид со Фулам, по Гонзало Гарсија и Сезар Паласиос. Преговорите меѓу двата клуба се во тек, но засега не се очекува брза разврска.

Ситуацијата дополнително ја комплицира повредата на Питарч, кој неодамна ги оштети лигаментите на левото колено и ќе паузира околу два месеци. Поради тоа, Реал нема да може да го процени неговиот напредок низ подготовките, но и покрај тоа, Арбелоа останува убеден дека младиот играч има потенцијал да биде важен дел од неговиот проект.

Во Реал Мадрид сметаат дека евентуалната преселба во Фулам би му донела многу поголема минутажа и побрз развој, па затоа се подготвени да ја разгледаат понудата. Како и во претходните случаи со младите фудбалери, се очекува во договорот да биде вклучена и откупна клаузула, со која „кралскиот“ клуб би можел повторно да го врати Питарч доколку целосно го оправда својот потенцијал. Досега, од Гарсија и Паласиос, Реал инкасира 50 милиони евра и задржа 30% од правата на нив.