Тотнем експресно го „избрка“ Аргентинецот поради хаосот на СП 2026!
Трансферот доаѓа само неколку недели по големиот скандал што го предизвика дефанзивецот по полуфиналето на СП 2026 против Англија (2-1). По победата на Аргентина, Ромеро заедно со неколку соиграчи позираше со транспарент на кој пишуваше „Малвините се Аргентина“, порака поврзана со долгогодишниот спор меѓу Аргентина и Велика Британија околу Фолкландските, односно Малвинските Острови. Потегот предизвика жестоки реакции на Островот, каде дел од јавноста побара аргентинските фудбалери што настапуваат во Премиер-лигата да не се враќаат во Англија.
Според информациите, Интер ја искористил ситуацијата и брзо постигнал договор со Тотнем. Ромеро ќе биде второто големо дефанзивно засилување за „нераѕурите“ ова лето, откако претходно без обесштетување пристигна Џон Стоунс по истекот на договорот со Манчестер Сити. Во системот со тројца стопери што го практикува Интер, Ромеро ќе конкурира за место во тимот заедно со Стоунс, Алесандро Бастони, Бенжамен Павар, Мануел Аканџи и Јан Бисек.
Ромеро беше еден од најстандардните играчи на Аргентина на Мундијалот, а во полуфиналето против Англија ги одигра сите 90 минути и беше единствениот дефанзивец на „гаучосите“ што не беше заменет.