ПСЖ подготвен да плати 60 милиони евра за „чудото од дете“ на Ајакс!
Според француските медиуми, ПСЖ ќе плати 50 милиони евра за Аклиуш, кој по лекарските прегледи следната недела треба да потпише договор до летото 2031 година. Во меѓувреме, спортскиот директор Луис Кампос интензивно работи и на доведување на 21-годишниот Годтс, кој зад себе има фантастична сезона во дресот на Ајакс. Белгискиот репрезентативец во петокот бил забележан во Порто, каде што имал прелиминарни разговори со Кампос, што дополнително ги засили шпекулациите дека трансферот е сериозна опција и тоа за сума од 60 милиони евра.
Иако интересот на европскиот шампион е конкретен, Годтс засега останува претпазлив.
„Сè уште сум тука. Лично имав добра сезона, но не можам да бидам задоволен затоа што Ајакс заврши дури на петтото место. За клуб како Ајакс тоа е неприфатливо. Верувам дека со новата структура можеме повторно да се бориме за титулата“, изјави белгискиот фудбалер.
На прашањето дали би ја прифатил понудата од ПСЖ, одговори дипломатски:
„Ќе видиме ако дојде до тоа. Засега нема ништо конкретно и среќен сум во Ајакс.“
Годтс пристигна во Амстердам во јануари 2023 година од Гент за само еден милион евра, а денес е еден од највредните играчи на холандскиот гигант. Досега има одиграно 113 натпревари, на кои постигна 25 голови и запиша 23 асистенции. Минатата сезона во Ередивизие беше еден од најдобрите играчи во лигата со 17 голови и 13 асистенции на 34 натпревари, бројки што сосема очекувано го донесоа на радарот на најголемите европски клубови.