Египетски тинејџер со два гола блесна на дебито во дресот на Барселона (ВИДЕО)

Екипата на Барселона ремизираше во синоќешниот пријателски натпревар против Бирмингем (2-2), а шоуто му припадна на 18-годишниот Египќанец Хамза Абделкарим, кој на своето деби постигна два гола и веднаш покажа зошто каталонскиот гигант зимава плати 1,5 милиони евра за неговиот трансфер од Ал Ахли.

Младиот напаѓач беше стартер во составот на Ханси Флик и првиот погодок го постигна во 42. минута, кога сигурно реализираше пенал за израмнување на резултатот. Во 60. минута повторно се најде на вистинското место, искористувајќи ја лошата интервенција на голманот на Бирмингем за да донесе водство за каталонците. Англискиот тим до крајот израмни на 2-2, а потоа беше поуспешен и во пенал-рулетот, славејќи со вкупни 5-4.

Поради тоа што најголемите ѕвезди на Барселона сè уште се на одмор по настапите на Светското првенство, Флик им даде шанса на повеќе млади фудбалери од Ла Масија да се докажат. Меѓу нив беше и Шејн Клајверт, помладиот син на легендарниот Патрик Клајверт, роден во 2007 година, додека неофицијално деби во дресот на Барселона запиша и германскиот репрезентативец Карим Адејеми, кој неодамна пристигна од Борусија Дортмунд.

ФОТО: X / @FCBarcelona