Шокантна снимка: Фудбалер насилно изваден од автомобил и ограбен среде бел ден! (ВИДЕО)

Белгиските медиуми денеска објавија вознемирувачки информации и видео од брутален грабеж врз фудбалерот Мохамед Гадафи Фусеини, член на белгискиот прволигаш Унион Сен Жилоа.

Според сведоците, репрезентативецот на Гана седел во паркираното возило кога му се приближила група маскирани напаѓачи со качулки. Сред бел ден тие насилно го извлекле од автомобилот, а веднаш потоа се обиделе да му го одземат мобилниот телефон.

Фусеини се обидел да им се спротивстави, но немал никакви шанси против петтемина напаѓачи. Тие успеале да му го одземат и неговиот скап часовник чија вредност се проценува меѓу 8.000 и 14.000 евра.

Додека четворица од напаѓачите се пресметувале со фудбалерот, петтиот го пребарувал неговиот автомобил во потрага по други вредни предмети.

И покрај шокантниот инцидент, Фусеини веќе вчера им се приклучил на тренинзите на својот тим. Од клубот соопштија дека не се здобил со посериозни физички повреди, но нагласија дека е сосема разбирливо што фудбалерот сè уште е потресен од трауматичното искуство.