Андреева ја запре Ѓорческа во првото коло во Палермо

Најдобрата македонска тенисерка, Лина Ѓорческа по елиминацијата во првото коло на турнирот во Рим во истата фаза го заврши и настапот на Челенџерот во Палермо.

Ѓорческа денеска беше поразена од Ерика Андреваа со 2-0 во сетови.

Противничката на Ѓорческа прикажа далеку подобра игра во мечот и до победата дојде по еден час и 23 минути игра.

Првиот сет Андреева го доби со 6-2, додека во вториот македонската претставничка не освои ниту еден гем.