Тага во Англија: Почина еден од најдобрите англиски фудбалери во историјата!

Фудбалската јавност остана во шок, откако беше објавено дека легендарниот Кевин Киган починал на 75-годишна возраст, по тешката борба со рак.

Во јануари годинава Киган откри дека му бил дијагностициран рак во четврта фаза, по што почнал со третмани, меѓутоа неколку месеци подоцна ја загуби најважната битка.

Киган зад себе остави големо наследство како фудбалер и тренер. Тој беше една од најголемите ѕвезди во англискиот фудбал во 70-те години, а најголеми успеси имаше во Ливерпул со кој освои повеќе титули.

Во текот на кариерата играше и за Хамбургер, Саутемптон и Њукасл, а два пати беше избран за најдобар фудбалер во Европа и ја освои „Златнaта топка“, додека за репрезентацијата на Англија го носеше дресот 63 пати и постигна 21 гол.

По завршување на играчката кариера, Киган влезе во тренерските води, а ќе остане запаметен по периодот во Њукасл, каде што создаде моќен тим. Исто така, работеше и како селектор на Англија, но и тренер на Манчестер сити.