Кукуреља стана апсолутен хит, „Гугл“ воведе специјална анимација (ФОТО)
Корисниците кои ќе го внесат неговото име во пребарувачот на екранот пред себе ќе видат сликата со мачка со кадрава перика која вее шпанско знаме
Анимацијата автоматски се активира кај сите корисници кои пребаруваат информации за Кукуреља. „Гугл“ така реагираше на виралниот феномен од социјалните мрежи, каде голема популарност стекна фотографијата од мачка со перика која потсетува на препознатливата фризура на шпанскиот репрезентативец.

Мемето стана исклучително популарно за време на Светското првенство. Илјадници корисници го споделуваат како начин да ги прослават одличните игри на левиот бек на Шпанија и новиот фудбалер на Реал, кој е една од највпечатливите фигури на турнирот.
Кукуреља стана неочекуван херој во походот на Шпанија до финалето. Не пропушти ниту една минута на патот до завршниот натпревар, а блесна особено во полуфиналето против Франција, каде успеа целосно да го неутрализира дотогаш одличниот Мајкл Олисе.