Дури и Трамп знае дека Тухел погреши: Тоа беше малку чудно...

Во пресрет на финалето на Светското првенство, американскиот претседател Доналд Трамп, во друштво на претседателот на ФИФА Џани Инфантино, одржа говор во својот препознатлив стил, при што се осврна и на полуфиналниот натпревар меѓу Англија и Аргентина.

Аргентина славеше со пресврт и победа од 2-1, а Трамп посебно ја искритикува тактиката на англискиот селектор Томас Тухел, сметајќи дека капитенот Хари Кејн поминал премногу време во одбраната наместо да биде закана пред противничкиот гол.

Во центарот на неговите коментари беше одлуката на Тухел, по водството на Англија од 1-0, речиси целата екипа да се повлече во одбрана, вклучувајќи го и својот најдобар напаѓач.

„Англија има одличен играч со кого играв голф, знаете за кого зборувам. Тоа е Хари Кејн, кој беше фантастичен. Мислам дека направија грешка кога го ставија да игра во одбраната. Но, што знам јас за фудбалот?“, изјави Трамп.

Потоа продолжи:

„Поведоа, а потоа својот најдобар играч го вратија во одбрана. Но, нема да ги критикувам. Што знам јас за тренерската работа? Сепак, тоа ми изгледаше малку чудно“, рече Трамп.