Меси за фотографијата со Јамал како бебе: Неверојатно е како животот ги реди работите...
За оваа необична животна приказна сега првпат јавно проговори и капитенот на „гаучосите“.
„Искрено, таа фотографија е неверојатна. Фасцинантно е како животот ги реди работите. Се фотографирав со него кога беше бебе, а денес, 19 години подоцна, ќе играме еден против друг во финале на Светско првенство. И самиот кога го кажувам ова ми звучи нереално, но така е“, изјави Меси, не криејќи го изненадувањето од необичниот сплет на околности.
Аргентинската ѕвезда ја искористи можноста јавно да испрати пофалби за 19-годишниот шпански бисер, нагласувајќи дека со посебно внимание ги следи неговите настапи поради љубовта кон својот поранешен клуб Барселона.
„Ламин е фантастичен фудбалер. Го следам внимателно бидејќи настапува за клубот што неизмерно го сакам и на кој секогаш му посакувам сѐ најдобро. На само 19 години веќе е една од водечките фигури во светскиот фудбал. Во овој момент, без никакво сомневање, е меѓу најдобрите играчи во светот. Му посакувам многу среќа и големи успеси во кариерата, затоа што сè што е добро за него, добро е и за Барселона“, порача Меси.
Финалето помеѓу Шпанија и Аргентина па програмата е утре во терминот од 21:00 часот.