Де ла Фуенте: Франција денеска играше против најдобриот тим на светот

Без оглед што ќе се случи в недела во големото финале, Луис де ла Фуенте со златни букви ќе биде запишан во историјата на шпанскиот фудбал.

По Висенте дел Боске, тој е вториот селектор на Шпанија кој успеал да ја однесе репрезентацијата во мечот за титулата на светско првенство откако пред две години ја освои европската титула. По денешниот докторат против Франција, Де ла Фуенте имаше само комплименти за своите фудбалери.

„Почнавме пред речиси четири години со идеја, ѝ бевме верни на таа идеја и таа нè донесе тука. Денес се соочивме со една од најдобрите репрезентации во светот, но тие пред нив го имаа најдобриот тим во светот. Тоа е различно. Овие играчи заслужуваат сè - ден по ден ја покажуваа својата посветеност, својата солидарност, својата дарежливост, својот талент. Успеавме да направиме тешкото да изгледа лесно“, рече Де ла Фуенте.

Франција в недела ќе се бори за шестиот трофеј на големите натпреварувања, а противник ќе ѝ биде Англија или Аргентина.