Фабијани: Одигравме одличен реванш, сега се фокусираме на Конференциската лига

Новиот тренер на Вардар, Кристијан Фабијани ја оствари првата победа како шеф на стручниот штаб на „црвено-црните“, но таа се покажа како пирова бидејќи не беше доволна за пласман во второто квалификациско коло за Лигата на шампионите.

Аргентинскиот стручњак уште еднаш го потенцираше фактот дека противникот Купс е во натпреварувачка форма бидејќи финскиот шампионат е во тек, додека Вардар пред овој двомеч немаше ниеден официјален дуел.

„Предноста на КуПС пред овој двомеч, како што кажав и претходно, беше тоа што играат активно во првенството, веќе имаат повеќе од 10 официјални натпревари зад себе. Ние со овој дуел имаме само два официјални меча зад себе и дојдовме од подготовки за кои се покажа дека добро сме се подготвиле - одигравме еден добар меч и квалитетни 120 минути. Успеавме да победиме на вештачка подлога, но, за наша жал, недоволно за следна фаза во ЛШ. Покажавме добра фудбалска партија, одигравме добар фудбал против КуПС и сега се фокусираме на следните дуели, во Конференциската лига“, рече Фабијани по реваншотво Финска.

Вардар сега се сели во квалификациите за Конференциската лига каде следните две недели ќе се сретне со летонскиот првак Рига.