Вардар води со 2-0: Закариќ од пенал ја затресе мрежата на КуПС (ВИДЕО)

Фудбалерите на Вардар постигнаа и втор гол против КуПС, и тоа преку Горан Закариќ од пенал во првата минута од судиското надополнување во реваншот од првото коло во квалификациите за Лигата на шампиони (ЛШ).

Закариќ беше прецизен од белата точка во 91. минута за предност од 2-0 на Вардар и анулирање на негативата од првиот натпревар во Скопје, кој му припадна на КуПС со 2-0.

Ова значи дека на натпреварот ќе се играат продолженија, а доколку не се промени резултатот следат пенали.