Македонските младинци немоќни против Шведска на ЕП

Младинската машка репрезентација на Македонија загуби од Шведска со 64-86 во четвртото коло од Европското првенство (ЕП) од Дивизија „Б“ во Братислава.

Швеѓаните ја контролираа играта од самиот почеток и ја добија првата четвртина со 23-16, додека на полувреме предноста достигна +13 (45-32).

Македонија се обидуваше во вториот дел да ја врати неизвесноста, меѓутоа младинците беа немоќни против фаворитот кој извојува триумф од 86-64.

Најефикасен во редовите на Македонија беше Марко Луканоски со 15 поени и 13 скокови.

Младинците последниот меч во групната фаза го игра против Азербејџан, а истиот е закажан за утре од 21 часот.

Фото: КФМ