(СОСТАВИ) Мерино пак почнува од клупа, Јамал пак ќе удри на Мбапе

Селекторите на Шпанија и Франција, Луис де ла Фуенте и Дидие Дешамп ги објавија почетните состави за полуфиналниот натпревар кој почнува во 21 часот.

Кај Шпанците повторно го нема Педри кој не беше стартер и на претходниот меч, исто како и херојот од дуелите со Португалија и Белгија, Микел Мерино. Тој и тогаш почнуваше како резерва, влегуваше во финишот и ги постигна победничките голови за „фуријата“.

Кај Французите, од стартот ќе го нема Дезире Дуе, но сепак цел свет е насочен кон првите ѕвезди на двете репрезентации Килијан Мбапе и Ламин Јамал. Двајцата досега имаат десет меѓусебни дуели на клупско и репрезентативно ниво и младиот Шпанец води со 8-2.