Вардар беше на милиметри од чудо: Црвено-црните скапо ја продадоа кожата во Финска! (ФОТО+ВИДЕО)
Вардар ја контролираше играта на теренот од самиот почеток, а првата посериозна шанса ја имаше Бобан Николов кој испрати удар покрај голот на КуПС.
„Црвено-црните продолжија со притисокот кон голот на КуПС и делуваа организирано, меѓутоа без конкретна завршница на нападите, па резултатот на полувремето беше 0-0.
Македонскиот шампион конечно ја проби одбраната на финскиот тим во 59. минута. По еден центар-шут на Николов следеше лоша реакција на Саку Саволаинен во воздушниот дуел со Азер Омергаиќ и топката заврши во мрежата на КуПС.
Вардар продолжи со нападите и во следните минути, па на истекот на регуларните 90 минути доби пенал, кој беше реализиран од Горан Закариќ.
По 10 минути во продолженијата Боба Арма го префрли Талески и погоди за 1-2, но набрзо Вардар го возврати ударот и преку Пулеио стрелаше за 1-3.
Возбудувањата продолжија на теренот, а КуПС постигна втор гол преку Паржишек за да намали на 2-3.
Во последните 15 минути од натпреварот двете екипи имаа по неколку шанси, меѓутоа резултатот не се промени, па Вардар се збогува со ЛШ.
Најтрофејниот македонски фудбалски клуб продолжува во квалификациите за Конференциската лига на УЕФА, каде што ќе игра против поразениот од дуелот меѓу Арарат од Ерменија и Рига од Летонија.


ФОТО: Johanna Pelttari