Саволаинен си постигна автогол, Вардар води против КуПС (ВИДЕО)

Најтрофејниот македонски фудбалски клуб Вардар успеа да стигне до водство на гостувањето кај КуПС (1-0) со автоголот на Саку Саволаинен, кој беше во воздушен дуеш со Азер Омерагиќ.

По речиси еден час игра и притисок од Вардар, Саволаинен реагираше лошо по еден центар-шут на Бобан Николов и ја погоди мрежата на КуПС.

Вардар има уште половина час до крајот за да ја анулира негативата против КуПС, кој претходно славеше во Скопје со 2-0.