Фабијани ги одбра стартерите, Закариќ е на клупата!
Кристијан Фабијани го одбра тимот кој ќе го почне натпреварот. За овој дуел тој не може да смета на повредениот Торес и на суспендираниот Босанчиќ.
Изненадување е одлуката Горан Закариќ да го почне натпреварот од клупата за резерви.
Стартен тим на Вардар за мечот со КуПС: Талески; Најдовски, Велковски, Матиќ; Јанкулов, Кастанеда, Николов, Маневски; Родригес, Пирес; Омерагиќ.
Натпреварот меѓу Вардар и КуПС почнува од 17 часот со директен пренос на Арена М1 Премиум.