ФИФА им исполни желба на Аргентинците пред мечот со Англија!

Светската куќа на фудбалот (ФИФА) одлучи да го прифати барањето на Аргентинците мечот со Англија да го играат со вторите, темни дресови.

Актуелниот светски шампион побара дозвола на големото дерби да настапи во темносина гарнитура дресови, наместо во препознатливите светлосини и бели вертикални линии, а ФИФА даде зелено светло за оваа промена.

Според аргентинскиот новинар Гастон Едул, зад ова барање стои пред сè суеверие. Имено, Аргентина ги забележа двете свои најпознати победи против Англија на светските првенства токму во темносините дресови.

Првиот триумф беше во четвртфиналето на Светското првенство во 1986 година предводени од Марадона, а вторпат Аргентина ја елиминираше Англија на Мундијалот во 1998 година, кога по изведувањето пенали избори пласман во следната фаза.