Јамал изнуди пенал. Ојарзабал ја донесе Шпанија во водство (ВИДЕО)
Стрелец на првиот гол беше најдобриот стрелец на „фуријата“ на Мундијалот, Микел Ојарзабал кој го постигна својот петтиот на ова првенство, прв од пенал. Во 22. минута Лука Дињ беше невнимателен во својот шеснаесетник, прво дозволи Ламин Јамал да стигне пред него до една топка, а потоа не го забележа и силно го клоцна, па за главниот судија немаше дилема дека тоа е пенал.
Минута подоцна Ојарзабал беше прецизен од белата точка за водство на Шпанија и за најава за драма во првото полуфинале.