Серафимов подобар од Шишковски и Ерера, Левски го растури Борац

Бугарскиот првак Левски обезбеди пласман во второто квалификациско коло од Лигата на шампионите откако вечерва на домашен терен го победи Борац Бања Лука со 4-0.

Сите четири гола беа постигнати во второто полувреме. Око Флекс го отвори резултатот во 48. минута, потоа Реиналдо двапати ја затресе противничката мрежа, а точка стави Переа на пет минути пред истекот на основните 90. Првиот меч во Бања Лука заврши нерешено (1-1), па Левски пред своите навивачи го прослави пласманот во следната рунда.

Македонскиот репрезентативец Никола Серафимов ги одигра сите 90 минути за Левски, исто како и Себастијан Ерера на спротивната страна, додека голманот Шишковски остана на клупата за резерви.