Срамен крај на Дешамп: Место да остане господин, вината за „шлаканицата“ ја побара во - судијата

В сабота, во мечот за третото место на Светското првенство, официјално ќе биде ставен крај на 14-годишниот селекторски мандат на Дидие Дешамп во француската репрезентација.

Иако имаше големи успеси и освои една светска титула, крајот на легендата на францускиот фудбал нема да се памти по убаво кај љубителите на фудбалот во светот. Денеска Франција и самиот Дешамп добија фудбалска лекција од Шпанија и Луис де ла Фуенте и цел свет ја виде немоќта на „триколорите“ кои пред Мундијалот важеа за први фаворити за титулата. Дешамп не успеа да најде противигра, беше матиран од својот колега од спротивната страна, но по завршувањето на натпреварот одлучи на срамен начин да го оправда својот пораз. Вината за тоа ја побара во главниот судија Иван Бартон од Ел Салвадор иако и тоа го направи кукавички.

„Денеска нема да давам одговори, туку ќе поставувам прашања. Дали сметате дека овој судија беше на нивото на полуфинале на Светско првенство?. И ова не го кажувам затоа што загубивме“, рече, меѓу другото, францускиот селектор.

А, можеше да биде сосема поинаку, Дешамп да остане господин и спортски да му честита на својот колега од кого секако може и многу да научи.