Шпанија е кошмар на Франција, а Јамал на Мбапе
На сите три натпреварувања (Европско првенство, Лига на нации и сега Светско првенство), Франција влегуваше како голем фаворит, а излегуваше поразена од дуелите со својот сосед. Пред две години во Германија, двете селекции се сретнаа во полуфиналето и тогаш славеше Шпанија со 2-1 во дуелот кој го промовира Ламин Јамал во нова светска мега-ѕвезда. Фудбалерот на Барселона беше во главна улога и лани во полуфиналето од Лигата на нации кога „фуријата“ победи со 5-4 и постигна два гола. Кулминацијата се случи вечерва, во полуфиналето од Мундијалот кога француската репрезентација беше букбално уништена, без никаква шанса да ја загрози победата на актуелниот европски шампион.
Во исто време, Ламин Јамал стана кошмар за Килијан Мбапе против кого на репрезентативно и клупско ниво има биланс 9-2. Мбапе има една победа со ПСЖ во Лигата на шампионите кога Јамал уште имаше 16 години и не беше стандарден првотимец на Барселона и еднаш со Реал, во шпанското првенство. Се останато му припадна на Јамал кој вчера наврши 19 години, а веќе има голема шанса да ги обедини светската и европската титула и да го направи тоа што не им успеало ни на Мбапе, ни на Роналдо.
Не смее да се заборави дека Јамал пред неколку дена најави дека Франција треба да се плаши од Шпанија, но тогаш никој не го сфати сериозно и буквално му се смееја за неговата изјава.