„Тики-така“ во Далас: Поро ѝ носи убедлива предност на Шпанија (ВИДЕО)

На половина часа пред крајот на натпреварот, Шпанија води со 2-0 против Франција и е многу блиску до големото финале од Светското првенство.

Откако во првото полувреме погоди Ојаразабал од пенал, во 58. минута и Педро Поро се запиша во листата на стрелците, на асистенција на Дани Олмо. Прекрасната „тики-така“ акција на Шпанците, со гол ја круниса фудбалерот на Тотнем кој го постигна вториот гол на Светското првенство.

Нешто подоцна, Ламин Јамал можеше да стави точка на сите дилеми околу победникот, но неговиот гол беше поништен поради офсајд.