Остин Ривс не мрда од Лејкерс, потпишува историски договор!

Остин Риверс испиша историја во НБА-лигата и стана најплатениот играч во најсилната кошаркарска лига во светот кој не бил драфтуван.

Ривс постигна договор за продолжување на соработката со Лејкерс, а за четиригодишниот договор ќе заработи неверојатни 185 милиони долари, објави НБА-инсајдерот Шемс Чаранија.

Кошаркарот очекувано, ја одби „играчката опција“ за следната сезона вредна 14,5 милиони долари, за да потпише далеку побогат договор.

Зад себе Ривс има одлична сезона во која просечно бележеше 23,3 поени и 5,5 асистенции по натпревар. Официјално ќе го стави потписот на договорот откако Лејкерс ќе го завршат ангажманот на слободните играчи.