Македонецот вишок во Атина: Обрадовиќ го избрка „нашиот“ Шортс!

Македонскиот репрезентативец, Ти-Џеј Шортс, повеќе не е играч на Панатинаикос, откако денеска атинскиот клуб објави дека ја прекинува соработката со него.

Американецот со македонски пасош имаше договор и за претстојната сезона, но одамна се шпекулираше дека најверојатно ќе си замине ова лето. Разделбата со најтрофејниот грчки клуб се случува само еден ден по официјалното доаѓање на легендарниот Жељко Обрадовиќ како нов тренер на екипата од грчката престолнина..

Иако уште не е официјализирано, многу веројатно нов клуб на Шортс ќе биде Валенсија која претстојната сезона ќе остане без својот најдобар играч Жан Монтеро.