Роналдо е катастрофа - десет меча по ред нема гол на големите натпреварувања

Одамна Кристијано Роналдо не е предност, туку пречка за португалската репрезентација да ги оствари своите амбиции.

Во составот има голем број фантастични фудбалери и креативци, но не можат да дојдат до израз затоа што Роналдо е „дупка“ во тимот, како во нападот, така и во одбраната. Тоа најдобро се виде на синоќешниот меч против Конго на кој фудбалерот на Ал Наср не само што не постигна, туку запиша „нули“ во сите статистички категории - удари кон голот, обиди за дриблинг, претрпени фаули и дефанзивниот ефект. Имаше само 24 допири со топката во текот на 90. минути, плус судиските продолженија.

По синоќешниот меч дефинитивно стана јасно дека времето на Роналдо е поминато и дека ако Португалија не стане светски шампион, тоа ќе биде само поради него. Капак на се, натпреварот со Конго беше десетти по ред на големите натпреварувања на кој Роналдо не успеа да постигне гол.

На претходното Европско првенство остана без реализација, а последниот погодок го забележа на Мундијалот во Катар, во групната фаза против Гана и тоа беше негов единствен гол на тоа првенство.