Роналдо беше „невидлив“: Ѕвездите на Португалија ремизираа со Конго (ВИДЕО)

Фудбалерите на Португалија разочараа на нивниот прв натпревар на Светското првенство (СП), откако ремизираа против Конго (1-1), а посебно лош настап имаше Кристијано Роналдо.

Португалија по само шест минути стигна до предност со голот на Жоао Невеш, по што екипата ја контролираше играта сè до завршницата на првиот дел кога Виса стрелаше за 1-1.

Конго трпеливо чекаше шанса од контра-напади во второто полувреме, додека Португалија се мачеше да ја пробие одбраната на ривалот, па резултатот не се менуваше до крајот (1-1).

Роналдо беше „невидлив“ во првото полувреме, односно немаше ниту еден дриблинг, удар кон противнички гол, дуел и прекршок.

Фото: Facebook/Seleções de Portugal