Хорор пред кампот на Иран на СП 2026 – пронајдено мртво тело во багажник (ВИДЕО)
Во багажник на возило било откриено тело во фаза на распаѓање, а истрагата сè уште е во тек, но засега нема индиции дека тоа има било каква поврзаност со иранската делегација.
„По прегледот на возилото, пронајдовме лице завиткано во црна кеса во багажникот. Имаше траги на насилство“, изјави портпаролот на обвинителството во Тихуана.
Високите температури во Мексико го привлекле вниманието на полицијата поради непријатен мирис, по што било откриено телото. Веќе подолго време трае драмата околу престојот на фудбалерите на Иран на ова Светско првенство, кое се одржува во Мексико, САД и Канада, а наскоро се очекуваат дополнителни детали за случајот.