Херојот на БиХ сруши мундијалски рекорд и стана најбаран фудбалер во – светот (ФОТО)

Напаѓачот на репрезентацијата на БиХ, Јово Лукиќ, стана најбараниот фудбалер во светот, барем според светски познатиот портал „Трансфермаркт“.

На овој сајт, специјализиран за вредноста и статистиката на фудбалерите, името на Лукиќ е на првото место во делот „најбарани фудбалери“, што означува играчи кои во моментов најмногу ги пребаруваат навивачите.

Тој привлече огромно внимание со погодокот против репрезентацијата на Канада, што беше негов прв гол во националниот дрес. Но тоа не е сè – Лукиќ исто така имаше и веројатно натпревар на кариерата, бидејќи собори мундијалски рекорд. Тој со девет од девет добиени воздушни дуели ги надмина резултати на Јусуф Поулсен (Данска) со седум и Салиф Сане (Сенегал) со осум.

ФОТО: X / @OptaJohan