Ибра е „луд“: Избрка американски инфлуенсер зашто прогнозираше дека шампион ќе биде Португалија (ВИДЕО)

Американците се познати по својата способност да направат шоу од се, а во тоа им се придружи шведската фудбалска суперѕвезда Златан Ибрахимовиќ кој работи како стручен коментатор на Светското првенство на телевизијата Фокс.

Во делот каде што се наоѓаа тој и Тиери Анри, за време на мечот меѓу САД и Парагвај дојде американскиот инфлуенсер Спид кој прогнозираше дека Португалија со Кристијано Роналдо ќе стане светски шампион.

Ибра не чекаше многу, само му го зеде микрофонот и го избрка иако Спид продолжи да го провоцира и понатаму. Секако дека ова беше само шоу бидејќи Ибрахимовиќ и Спид се добри пријатели и во минатото заеднички снимаа емисии.