Парис Хилтон и Миа Калифа го украдоа шоуто на мечот на САД – заедно со Том Круз и Бекам (ВИДЕО)

Спектакуларно беше отворањето на настапот на репрезентација на САД на СП 2026, откако домаќинот убедливо го совлада Парагвај (4-1) пред преполниот стадион „Софи“ во Лос Анџелес.

Натпреварот не беше само спортски настан, туку и вистински собир на светската елита од шоу-бизнисот. На трибините на стадионот со капацитет од 70.000 гледачи беа забележани бројни познати личности, предводени од Том Круз и Дејвид Бекам.

Меѓу присутните беа и Џорџ Лукас, Бред Пит, Хали Бери, Софија Вергара, Роб Лоу, Овен Вилсон, Винс Вон, Џејми Фокс, Парис Хилтон и актерката од филмовите за возрасни, Мија Калифа, кои во жешко издание буквално го украдоа шоуто. Пред почетокот на мечот публиката ја поздрави Џејсон Судекис, ѕвездата на серијата „Тед Ласо“ и официјален амбасадор на Мундијалот.

Музичкиот дел од програмата го одбележа настапот на Кејти Пери, која во впечатлив сребрен костим испрати пораки за единство. На церемонијата настапија и Фјучр, Тајла, Лиса, Анита и Рема. Посебно внимание привлече изведбата на песната „Гејм тајм“, проследена со кореографија со златни фудбалски топки.

ФОТО: X / @MarcaMexico_