Машинеријата на САД за едно полувреме го здроби Парагвај (ВИДЕО)
Избраниците на Маурицио Покетино ја оправдаа фаворитската улога полесно од очекуваното и без посериозни проблеми го скршија противникот уште од самиот старт, па до крајот на полувремето постигнаа четири голови.
САД поведе со автоголот на Бобадила во седмата минута, а потоа два пати стрелаше Балоган за предност од 3-0 пред паузата.
Парагвај намали на 1-3 со голот на Маурицио во 73. минута, но потоа Рејна во судиското надополнување ги постави конечните 4-1.
Фото: Facebook/U.S. Soccer