ДЕНЕСКА НА СП: Првпат четири меча, Бразил пред голем африкански предизвик!
Група Б: Катар – Швајцарија (21:00)
Швајцарија е апсолутен фаворит во оваа група во која се и Канада и БиХ и би било огромно изненадување ако не завршат на првото место. Катар, по сè изгледа, ќе се бори за третото место во групата, но бодови ќе бара во некој друг натпревар.
Група Ц: Бразил – Мароко (недела, 00:00)
Спектакл и дерби на денот. Бразил започнува нов циклус со селекторот Карло Анчелоти против четвртопласираната репрезентација од претходното Светско првенство. Бразилците ја чекаат светската титула повеќе од 20 години и ќе видиме дали искусниот Италијанец ќе успее да им ја донесе. Најголема ѕвезда на тимот е Винисиус Жуниор, додека легендарниот Нејмар не е во препознатлива форма, а згора на тоа е и повреден па сигурно нема да игра вечерва. Од друга страна, Мароко се потпира на еден од најдобрите бекови во светот, Ашраф Хакими.
Група Ц: Хаити – Шкотска (недела, 03:00)
Шкотска во овој дуел е апсолутен фаворит и сè освен победа на Европјаните би било големо изненадување. Хаити е една од репрезентациите на кои им се даваат најмали шанси за пласман во шеснаесетина финалето.
Група Д: Австралија – Турција (недела, 06:00)
Турција се враќа на Мундијалот по 24 години и ќе сака да остави силен впечаток. Тешко е да се замисли дека можат да го повторат успехот од СП 2002 кога беа полуфиналисти, но во ликот на Арда Ѓулер и Кенан Јилдиз имаат млади ѕвезди кои можат да го обележат шампионатот.