Селекторот на Норвешка ги критикуваше организаторите на СП 2026

Селекторот на репрезентацијата на Норвешка, Стол Солбакен остро ги критикуваше организаторите на Светското првенство (СП) по случувањата на почетокот на турнирот.

Повод за неговата реакција беше случајот на репрезентативецот на Ирак, Ајмен Хусеин, кој по доаѓањето во Чикаго дури седум часа бил на испрашувања.

„Вие сте лицемери, ние сме тука само да играме фудбал. Мислам дека сите се сложуваме дека тоа не беше потребно“, кажа тренерот.

За време на прес-конференцијата кажа дека големиот број случувања надвор од терените ќе влијаат врз резултатите.

„Мислам дека сите може да се сложиме со тоа. Постојат многу ситуации за кои би зборувал, секако тие можеа да бидат решени на поинаков начин“, кажа Солбакен.

Норвешка е во групата И заедно со Франција, Сенегал и Ирак.