Македонија ќе биде домаќин на ЕП за ракометари до 18 години!

Извршниот комитет на Европската ракометна куќа (ЕХФ) денеска донесе неколку одлуки, а една од нив се однесува за организацијата на Европското првенство (ЕП) за ракометари до 18 години, кое треба да се одигра во 2028 година.

Ракометниот турнир за млади ракометари е закажан за јули и август 2028 година, а ЕХФ потврди дека Македонија ќе биде домаќин на ЕП.

ЕХФ, исто така, ѝ ја додели организацијата на ЕП за ракометари до 20 години на Словенија.