Македонија подготвена за новите предизвици во Европската лига - следат дуели со Исланд и Грција

Македонската машка одбојкарска репрезентација го одработи последниот тренинг во пресрет на вториот турнир од Европската лига, каде што ѝ следат дуели против Исланд и Грција.

Македонија првиот натпревар го игра денеска против Исланд од 19 часот, а утре во истиот термин ќе се соочи против домаќинот.

На првиот турнир од Европската лига, Македонија запиша пораз од Холандија, како и победа над Луксембург.

Фото: Одбојкарска федерација на Македонија