Се пензионираше напаѓачот кој даде гол по корнер кој Барса уште ја боли (ВИДЕО)
Зад себе Ориги остава богата клупска кариера, во која на „Енфилд“ постигна 41 гол на 175 настапи, а со Ливерпул ги освои титулите во Премиер лигата, Лигата на шампионите и ФА Купот.
Во текот на кариерата настапуваше уште за Лил, Волфсбург, Милан и Нотингем форест. За репрезентацијата на Белгија во кариерата одигра 32 натпревари во кои постигна три погодоци.
Ориги остана запаметен и по голот кој го постигна по брзо изведениот корнер на Арнолд во 2019 години кога Ливерпул успеа во реваншот да се врати по пораз од 3-0 и со триумф од 4-0 да ја елиминира Барселона.
Фото: Liverpool FC/FB