Ѓоковиќ знае да биде голем, емотивно му ја честиташе титулата на Зверев (ФОТО)
Ѓоковиќ сподели фотографија од нивна прегратка на теренот, придружена со текст во кој се навраќа на почетоците и на врската што ја има со семејството Зверев.
Саша, те познавам уште од кога имаше 10 години. Ти се бореше на тренинг-терените со мојот најмлад брат, додека јас се натпреварував против твојот постар брат, Миша, на големата сцена и во јуниорска и во професионална конкуренција. Со години имаме однос на почит и пријателство со целото твое семејство. Имавме безброј разговори за тениска тактика, стратешка игра, живот, семејство и бизнис. Се забавувавме и на терен и надвор од него.
Знаејќи низ што мораше да поминуваш со твојата болест уште од млада возраст, надминувајќи ја најголемата ментална пречка во себе и замолчувајќи ги критичарите кои мислеа дека никогаш нема да освоиш грен-слем, овој триумф го прави уште посебен и понезаборавен. Глетката на солзите радосници што ги имаше заедно со твоите родители, братот и останатите членови на тимот ме направи емотивен. Среќен сум што успеа и апсолутно го заслужуваш овој успех, затоа што толку многу работеше на секој план за да го оствариш. Уживај во моментот“, порача Ѓоковиќ.
Зверев низ годините се соочуваше со проблеми, а болеста за која зборува Ѓоковиќ е дијабетес кој му е дијагностициран на германскиот тенисер.