ФИФА делумно го промени правилото со кое ги налути навивачите
Одлуката јавно ја критикуваше и градоначалничката на Торонто, оценувајќи дека таа е уште еден показател дека ФИФА пред сѐ размислува за дополнителна заработка. Сега од Меѓународната фудбалска федерација делумно ја променија одлуката.
„На сите посетители ќе им биде дозволено да внесат едно шише вода од мека пластика, со максимален капацитет до 590 милилитри. Шишето мора да биде за еднократна употреба и фабрички затворено“, соопштија организаторите.
Воедно беше потврдено дека нема да биде дозволено внесување шишиња од тврда пластика или други цврсти материјали, бидејќи тие се сметаат за потенцијален безбедносен ризик.
За споредба, на Светското првенство во Катар во 2022 година навивачите имаа право да внесат празни шишиња кои потоа можеа да ги наполнат со вода на стадионите.
Фото: FIFA