ПСЖ им го „зеде здравјето“ на премиерлигашите последните две сезони
Во двете сезони во кои францускиот клуб триумфираше во Лигата на шампионите, буквално им го „зеде здравјето“ на Англичаните и преку нив ги освои титулите во елитното натпреварување. Најголеми жртви му беа Ливерпул и Арсенал кои ги елиминира и лани и оваа сезона, а покрај нив, во нокаут фазата настрадаа и Астон Вила и Челси.
Во меѓувреме ги победи и Манчестер Сити и Тотнем, но во лигашкиот дел, а единствениот пораз го доживеа од Арсенал, во лигашкиот дел од ланската сезона кога загуби со 0-2 на Емирејтс.